Joomla brochure/mk-MK

From Joomla! Documentation

< Joomla brochure

Македонски (Macedonian)[edit]

Што е Џумла (Joomla)?[edit]

Џумла е наградуван систем за управување со содржини (Content Management System – CMS) кој Ви овозможува да изработувате веб страници и моќни онлајн апликации. Многу аспекти, вклучувајќи ги леснотијата за користење и надградливоста, ја прават Џумла да биде најпопуларниот достапен софтвер за веб страници. Најдоброто од сè е што Џумла е решение со отворен код кој е слободно достапен секому.

Што е систем за управување со содржини (Content Management System – CMS)?[edit]

Систем за управување со содржини е софтвер кој ги следи и чува податоците од Вашите веб страници, слично како што во библиотеките се следат и чуваат книгите. Содржините можат да бидат едноставен текст, фотографии, музика, видео, документи или што и да си замислите. Главната предност при користење CMS е што не мора да имате некои големи технички познавања за да можете да ракувате со содржините.

Неколку примери од реалниот живот за тоа што може Џумлата[edit]

Џумлата се користи насекаде низ светот за придвижување на веб страници од различен тип и големина. На пример:

  • Корпорациски веб страници или портали
  • Корпорациски интранет или екстранет
  • Онлајн магазини, весници или публикации
  • Е-трговија и онлајн резервации
  • Владини апликации
  • Веб страници на мали бизниси
  • Веб страници на Непрофитни организации
  • Социјални, на заедништво базирани, портали
  • Школски и Црквени веб страници
  • Приватни или семејни страници

Треба да изработам страница за клиент. Како може да ми помогне Џумла?[edit]

Џумла е дизајнирана за лесно инсталирање и прилагодување дури и ако не сте напреден корисник. Многу хостинг сервиси нудат инсталација со еден клик, по што за неколку минути имате активна страница. Бидејќи Џумла е лесна за користење, како веб дизајнер или развивач, Вие можете брзо да изработите страница за Вашиот клиент. Потоа, со минимално ниво инструкции, можете да го упатите клиентот самиот да си ги одржува страниците. Ако на клиентот му се потребни специјализирани функции, Џумла е високонадградлива и илјадници надградби (повеќето од нив слободни под GPL договорот) се достапни во Џумла папките за надградби (Joomla Extensions Directory). Еве неколку примери:

  • Изградба на динамични форми
  • Мултијазична содржина
  • Бизнис или организациони распореди
  • Менаџирање документи
  • Галерии со слики и мултимедиски галерии
  • Е-трговија и шопинг карти
  • Форуми и чат
  • Календари
  • Блогирање
  • Сервисирање папки
  • Е-пошта и масовни писма
  • Собирање податоци и подготовка на извештаи
  • Рекламен систем со банери
  • Преплатничка услуга

Кој користи Џумла?[edit]

Еве неколку примери на страници кои користат Џумла:

  • United Nations
  • MTV Networks Quizilla (заедница)
  • L.A. Weekly (онлајн публикација)
  • IHOP (синџир на ресторани)
  • Harvard University (едукација)
  • Citibank (финансии, интранет)
  • Outdoor Photographer (магазин)

Повеќе примери за компании кои користат Џумла можете да најдете на Joomla Site Showcase форумот.

Можете ли да бидете сигурни дека и во иднина ќе имате подршка за Џумла?[edit]

Џумла е најпопуларниот CMS со отворен код поддржан од растечката заедница на пријателски корисници и талентирани развивачи. Корените на Џумла потекнуваат уште од 2000-тата година, а со заедница од над Х милиони корисници и придонесувачи, иднината изгледа светла за наградуваниот проект Џумла.

Јас сум развивач. Некои напредни начини за искористување на Џумлата?[edit]

Многу компании и организации имаат потреби кои ги надминуваат можностите достапни со основниот Џумла пакет. Во тој случај, моќната работна околина на Џумла го прави за развивачите лесно создавањето софистицирани додавки кои ја надградуваат моќта на Џумла во, виртуелно, неограничени правци.

Се чини дека Џумла е вистинско решение за мене. Како да почнам?[edit]

Џумла е слободна, отворена и секому достапна под GPL договорот. Прочитајте го Getting Started with Joomla за да ги видите основите, а потоа пробајте ја демо страницата и набргу ќе се уверите во тоа колку е сè едноставно со Џумла. Ако сте подготвени за инсталирање на Џумла, преземете ја најновата верзија и веќе сте почнале.

Можности на Џумла[edit]

Основни можности[edit]
  • Комплетно управувана од база на податоци
  • Новости, артикли и сервиси целосно достапни за уредување и менаџирање
  • Можност за распоредување според авторот
  • Целосно менлив изглед вклучувајќи ги левиот, централниот и десниот блок
  • Качување на сликите преку пребарувач за користење каде што е потребно
  • Динамични анкети/гласања обете со резултати веднаш
  • Целосно достапни стандарди за веб страници
  • Работи на Linux, FreeBSD, MacOS X server, Windows, Solaris и AIX
Напредно администрирање:[edit]
  • Менување на редоследот на објектите вклучувајќи новости, НПП, артикли итн.
  • Генератор на случајно одбрана вест
  • Авторски модул за пријавување од далеку на новости, артикли, НПП и врски
  • Објектна хиерархија — колку што Ви се потребни секции, оддели, дивизии и страници
  • Библиотека на слики — онлајна зачувување на PNG, PDF, DOC, XLS, GIF и JPEG за лесно користење
  • Автоматско наоѓање патека. Ставете слика и оставете Џумла да ја среди врската
  • Менаџирање дотур на вести. Одбрете дотури на вести од целиот свет
  • Менаџирање архива. Ставете ги Вашите стари артикли на безбедно место наместо да ги фрлите
  • Е-порака до пријател и Печати за секоја сторија или артикл
  • Уредувач на текст сличен на Word Pad
  • Поставки за иглед и чувство на ниво на корисник
  • Анкети/Истражувања
  • Модул за страница по желба. Зачинете ги страниците со модули со содржина по желба
  • Менаџирање шаблони. Преземете шаблони и применете ги за секунда
  • Преглед на дизајн. Видете како ќе изгледа пред да го објавите
  • Менаџирање банери. Заработете од страниците.
  • Видливиот дел (предницата) е одвоен од администраторскиот
  • Подршка на од-десно-кон-лево •
Системски побарувања:[edit]

Ова се минималните системски побарувања за да биде успешна инсталацијата на Џумла 1.5.

  • PHP 4.3 или поново
  • MySQL 3.23 или поново
  • Apache 1.3 или поново

Мора да сте сигурни дека имате вклучени MySQL, XML и Zlib функционалности во Вашата PHP инсталација.


Ова се минималните системски побарувања за да биде успешна инсталацијата на Џумла 1.6.x.


Microsoft IIS: v7 http://www.iis.net

  • PHP v5.2.4 +
  • MySQL v5.1


Најнови технички информации можете да најдете на: http://www.joomla.org/about-joomla/technical-requirements.html

За повеќе информации:[edit]

Joomla! http://www.joomla.org/ Community http://community.joomla.org/ Help http://docs.joomla.org/Forum http://forum.joomla.org/ Extensions http://extensions.joomla.org/ JoomlaCode http://www.joomlacode.org Developers http://developer.joomla.org/